Секој што доцни на тренинг на Барса не игра, претходно плаќал 5.000 евра


Фудбалер кој доцни на тренинг или друг собир на Барселона нема даигра, изјави нејзиниот играч од средниот ред Педро Гонзалес Лопез познат како „Педри“.

Педри гостуваше во една телевизиска програма во Шпанија каде раскажа како тренерите ги казнуваат играчите во моменално водечкиот тим на шпанскиот шампионат.

Тимот на Барселона пред неколку години се враќал од европско гостување, дома пристигнале во 4 часот наутро. Сепак, играчите утредента во 12 часот требало да дојдат во клупскиот центар на рекуперациски (закрепнувачки) тренинг.

Педри, денес 21-годишен шпански репрезентативец, тогаш не се разбудил. Кога го погледнал својот мобилен телефон, видел бројни пропуштени повици од соиграчот Феран Торес и од клупскиот функционер Карлес Навал.

„Не знам зошто не ми заѕвони мобилниот телефон. Имав десетици пропуштени повици“, рече тој. „Се облеков за 30 секунди и дојдов на тренинг. Ме чекаа, а лицето ми беше црвено како домат од срам“, додаде Педри.

Педри, кој дојде од Лас Палмас во Барселона во летото 2020 година, платил казна поради тоа доцнење. Тој објаснува дека висината на казната, како и формата на казната зависи од тренерот и од тоа што ќе се договори со тимот.

„Ако доцните на денот на натпреварот, казната е секогаш значително повисока. Ако доцните, на пример, на состанок во хотелот додека сме на собир, ќе бидете строго казнети“, додаде играчот.

Откри дека некои тренери одредуваат казни врз основа на минути доцнење. „Ако доцните 5 минути, плаќате 5.000 евра“, додаде тој.

Тренерот Чави Ернандез, кој седеше на клупата од есента 2021 до летото 2024 година, секогаш ги казнувал играчите со по 5.000 евра, без разлика колку доцнеа. Меѓутоа, доколку играчот задоцни по вторпат, износот на новата казна би се удвоил на 10.000 евра. Плаќањето на третото доцнење би чинело 20.000 евра.

„Ако задоцниш четири или пет пати, ти си во неволја“, забележа Педри.

Парите што ги платиле казнетите играчи биле искористени за донации или заеднички тимски ручеци и вечери.

Германскиот тренер Ханси Флик минатото лето седна на клупата и ги укина казните.

„Доколку задоцниш, еноставни не играш“, рече Педр кој во средата одигра 58 минути, што беше негов 159. настап за Каталонците.

Фудбалерите на Барселона се вратија дома од Белград, каде во средата навечер ја победија Црвена звезда со 5:2 во Лигата на шампионите. Нема информации дека некој доцнел на собирот.

- Реклама -