Тимот на Камала Харис бара време за да го процесуира поразот: Сè уште не сме подготвени

Американските граѓани сè уште го очекуваат обраќањето на претседателската кандидатка на Демократите Камала Харис по поразот на изборите, додека од нејзиниот тим се осврнуваат на ноќта на изборите.

Според Си-Ен-Ен, блиски извори до кампањата на Харис истакнале дека е потребно време и простор за да се процесуира поразот.

– Ве молиме да ѝ дадете на кампањата на Камала Харис време да ги дефинира своите сили и слабости – се наведува во изјавата.

Освен претседателската трка, Демократската партија го загуби и мнозинството во Сенатот, а сè е поверојатно дека ќе го изгуби и во Претставничкиот дом.

Прочитајте и:  Тимот на Трамп со остри критики за одлуката на Бајден: „Ова е како нова војна, сите претходни калкулации сега се ништовни“
- Реклама -