ВИДЕО I Нов трипл-дабл на Јокиќ и победа на Денвер


Никола Јокиќ е оставен сам на сабе на стартот на сезоната и принуден е само да го води Денвер, а рано утрово испорача трет трипл-дабл на воведните седум меча во НБА лигата, на кои двапати испорача и над 40 поени.

Србинот игра како вистински суперстар и е најзаслужен што Денвер има позитивен скор 4:3 по седум одиграни натпревари, а две од тие четири победи пристигнаа во дуелите со Торонто.

Во еден дежа-ви натпревар од оној кој се одигра во Канада минатата недела, двата тима повторно беа многу блиску до продолжение, но во големата драма, повеќе нерви имаа домаќините.

Нагетси славеа со 121:119 и се израдуваа на нова тесна победа над Рапторси, кои дефинитивно одново имаат за што да жалат во дуелот со шампионот од 2023-та година.

Јокиќ беше играч број еден на паркетот со 28 поени, 14 скокови и 13 асистенции, а конечно дочека помош и од Вестбрук кој го заврши мечот со 21 поен, 6 скокови и исто толку асистенции.

- Реклама -