ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО|Гром усмрти фудбалер во Перу


Гром усмрти 34-годишен играч и повреди четворица други за време на фудбалски натпревар на перуанските Анди.

Натпреварот на локалниот турнир меѓу Хувентуд Белависта и Фамилија Чока во провинцијата Хуанкајо во неделата бил прекинат кога првпат удрил гром, а вториот гром ги погоди играчите кога тие почнаа да го напуштаат теренот.

Локалната власт соопшти дека Хозе де ла Круз, дефанзивец на Фамилија Чока, починал на пат кон болница.

Иако громови и претхоно удира на фудбалски натпревари во Перу, предизвикувајќи повреди, инцидентот во текот на викендот е првата познат смрен случај од тамошниот метеоролошки феномен.

Меѓутоа, на глобално ниво, гром убиваше фудбалери и претходно, а во 2018 година јужноафриканската играчка од средниот ред Лујанда Нтшангасе од премиерлигашкиот клуб Марицбург Јунајтед почина откако ја удри гром за време на пријателски натпревар.

- Реклама -