Путин: Русија е секогаш подготвена за преговори и соработка

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека земјата е подготвена да води преговори со Украина.

– Неколку пати кажав дека Русија не само што е подготвена за преговори, туку во одредена фаза, на самиот почеток на овој конфликт, ги водеше тие преговори. Дури беше подготвен и заеднички прифатлив договор, кој украинската страна го парафира. Сепак, на совет од страна, кој подоцна го потврдија и официјални претставници на Украина, украинската страна го отфрли тој договор, рече Путин на церемонијата на предавање на акредитивните писма на странските амбасадори во Кремљ.

Тој исто така рече дека Русија е отворена за меѓусебна соработка со сите земји.

– Русија е отворена за взаемно корисна соработка со сите држави без исклучок врз принципите на еднаквост, немешање во внатрешните работи и строго почитување на меѓународното право, рече тој.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

Во однос на конфликтот на Блискиот Исток, Путин рече дека Русија активно се обидува да спречи палестинско-израелскиот конфликт да ескалира во поголема војна.

- Реклама -