Кошаркарите на Далас беа поразени од Хјустон на домашен терен со 108:102 во вчерашниот натпревар од најсилната кошаркарска лига во светот.
Најефикасни на натпреварот беа Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг, но сепак тоа не им помогна премногу. Дончиќ постигна 29 поени, а додаде и пет скока, додека Ирвинг ја заврши средбата со 28 поени, осум скока и седум асистенции.
Во редовите на Хјустон Џејлен Грин уфрли 23 поени додавајќи 12 скока, додека Дилон Брукс дополни 17 поени, колку што имаше и Алперен Шенгун.
Хјустон беше екипата која подобро влезе во натпреварот и по првата четвртина имаше двоцифрена предност која изнесуваше и 23 поени, Далас се врати до „минус четири“, но повеќе од тоа не можеше.
На останатите средби: Мемфис беше подобар од Милвоки со 122:99, Јута загуби од Сан Антонио со 88:106, додека Феникс славеше над ЛА Клиперс со 119:125.
Фото: Houston Rockets