Повеќе членови на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија покренаа барање за свикување седница откако тоа не го направи претседателот Муамед Сејдини.
Инаку, ова тело на федерацијата подолго време нема одржано состаноци, а првиот човек на федерацијата преку комитетот за итност ги решава проблематиките во „куќата на фудбалот“. Чашата е прелиена по серијата соопштенија на сајтот на ФФМ преку кои се објавуваа пораки кон државните институции, а без притоа да се информира раководството на федерацијата и да се свика УО на ФФМ околу заеднички став и координација.
Иницијаторите се повикуваат на член 103 став 2 и став 3 од Статутот на ФФМ за закажување седница.
На брањето покренато на 29 октомври, а верификувано денес во архивата на Федрацијата, се потпишани 10 членови на УО од вкупно 17 со претседателот на ФФМ.
Иницијаторите за свикување на седница на УО констатираат дека условот е исполнет со потпишувањето на 10 члена.
„Евидентно е дека условот за закажување седница на Управниот одбор на ФФМ е исполнет и согласно тоа бараме од Вас во дадениот рок да закажете седница“, велат во барањето иницијаторите од УО на ФФМ и нагласуваат:
„Исто така бараме од вас да бидеме благовремени и согласно Статутот на ФФМ извстени за времето и местото на одржување на седницата. Поради учетсво во составување на дневниот ред на седницата, а согласно член 108 став 2 од Статутот на Фудбалската федерација на Македонија“.
Муамед Сејдини без да го информира УО на ФФМ замина во Нион, а потоа објави сооштение преку кои се наведе дека УЕФА го осудува мешањето на политиката во федерацијата без притоа да се образложат факти и докази дека такво нешто постои во Македонија и ФФМ.
Итна седница на УО на ФФМ треба да свика Муамед Сејдини за да се соочи со останатите членови од УО кои се разочарани од последните потези на првиот човек на федерацијата за чие што самоволие и со оставка од пред неколку недели се јави и спортскиот директор Дени Масев.
Во продолжение на текстот и одлуката и барањето на членовите од УО до службите на ФФМ со нивни потписи за свикување на итна седница на ова тело на федерацијата.
„Очајните обиди да го доврши мандатот и да направи фудбалска криза нема да му успеат на Муамед Сејдини и неговите советници кои сакајќи да исценираат проблеми сакаат со измислици и кодошења да и наштетат на државата кај УЕФА и ФИФА кои побараа и ќе добијат средба со државните институции. Време е и во Нион да добијат докази околу сите матни збрки поврзани со федерацијата и кој тоа навистина имал политички активности пред и по парламентарите избори иако е строго забрането претседател на ФФМ да има такви агенди“, истакнуваат членовите на УО потписници на барањето.
Членовите на УО на ФФМ се огрдауваат од содржината на соопштението објавенои на страницата на ФФМ, а потоа и низ медиумите во Македонија.
„Се наведуваат работи за кои ние како членови на УО не ги знаеме и не сме информирани, а воедно и не ги поддржуваме. Истото соопштение и содржина се случуваат по посетата од страна на претседателот на Нион и притоа без истиот да не информира нас како членови на УО на ФФМ. Воедно не сме ни информирани а ниту консултирани за проблеми во федерацијата за кои дознаваме од самото соопштение“.