Кина испрати нов екипаж во вселенската станица Тиангонг


Во вторникот Кина испрати нов екипаж во својата вселенска станица „Тиангонг“ (Небесен дворец) од вселенскиот центар Џиукван, кој се наоѓа во северозападниот дел на пустината Гоби.

Ракетата „Долгио марш 2Ф“, долга 60 метри и тешка 40 тони, носеше екипаж од тројца во вселенското летало „Шенжу 19“, што значи „магичен брод“.

Според Кинеската вселенска агенција, командантот 48-годишниот Каи Ксуже, инженерот 34-годишниот Ванг Хаозе и поранешниот воен пилот 34-годишниот Сонг Лингдонг треба да се приклучат на вселенската станица околу шест ипол часа по влегувањето во вселената.

Во текот на нивниот шестмесечен престој во вселената, екипажот ќе спроведе 86 научни и технички експерименти, ќе изврши вселенски прошетки и ќе инсталира заштитни мерки од вселенски отпад на „Тиангонг“.

Екипажот на вселенското летало „Шенжу 19“ ќе замени тројца членови на мисијата „Шенжу 18“, кои работат на вселенската станица од април. Нивното враќање на Земјата е закажано за 4-ти ноември.

„Ќе бидат изведени 86 вселенски научно-техниќки експерименти во областа на веселенските науки за животот, физиката на микрогравитацијата, медицината и новите технологии“, изјави заменик директорот на Кинеската веселенска агенција, Лин Ксикианг.

Се очекува дека еден од експериментите ќе вклучува редење на цигли направени од симулирана месечева земја во вселенски услови. Ако се покажат успешни тестовите, циглите би можеле да бидат клучен материјал што се користи за изградба на постојани вселенски станици на Месечината.

Според процените на американските научници, Кина се надева дека станицата ќе биде изградена до 2035 година, бидејќи смета дека овие цигли би можеле да бидат поедноставни за користење од транспортот на градежен материјал од планетата Земја.

- Реклама -