СДСМ: Две директорки осудени за лажни сертификати како на Христовски, Обвинителството мора да постапи

Откако Мицкоски ја киднапираше Агенцијата за национална безбедност, скандалот со незаконското поставување директор станува се поголем.

Две директорки на јавни установи се осудени на условни казни затоа што приложиле ТОЕФЛ сертификат издаден од компанијата „Јулија ЦО ЛТД“ од Пловдив, Бугарија.

Тоа е од истото место и од истото правно лице од каде што е и серитфикатот на директорот на АНБ, Бојан Христовски.

За случаите со двете директорски институциите постапиле и не чекале ниту да се изјасни ДКСК, ниту јавно некој да ги повикува, МВР поднело кривични пријави и лицата се осудени.

Сега зошто Панче Тошковски не постапува, по ист пример и за исто дело, употреба на исправа со невистината содржина? Зошто МВР нема поднесено кривична пријава за Христовски?

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

Тошковски штити некој што прекршува закон? Или за него партиската припадност на Христовски е карт бланш дека не смее да биде гонет?

МВР би требало да има исти критериуми и да постапува по закон, неселективно а не да штити прекршување на законите.

Го повикуваме Тошковски да почне да ја работи работата за којшто е платен од граѓаните.

Јавното обвинителство не треба да чека, согласно своите надлежности трева да постапи и да отвори истрага за утврдување одговорност на Христовски за овој скандал со незаконско поставување на директор на АНБ.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

- Реклама -