Зошто Французите живеат подолго од другите, три фактори најмногу влијаат

Најстарата документирана личност во светот била Французинката Жан Калман, која била родена во 1875 година и живеела 122 години и 164 дена. Нејзината сонародничка Лусил Рендон, која почина на 17 јануари 2023 година, живееше 118 години и 340 дена и го зазеде четвртото место на ранг-листата на сите времиња. Дали е важно потеклото на двете жени? Дали Французите знаат некои тајни начини за одржување на долговечноста? Експертите внимателно го анализираа овој феномен.

На ранг-листата на најстарите луѓе на светот, првите 10 места ги заземаат жените. Првото место ѝ припаѓа на Французинката Жан Калман. Втората Французинка, Лусил Рендон, позната како сестра Андре, беше во првата петорка на ова ранг-листа на долговечноста. Рендон беше родена на 11 февруари 1904 година, а по смртта на Канеа Танака на 19 април 2022 година, која живееше 119 години и 107 дена, таа стана најстарата жива личност на светот. За жал, сестрата Андре не се доближи до рекордот на својот сонародничка, бидејќи почина на 17 јануари 2023 година, помалку од еден месец пред нејзиниот 119-ти роденден.

Присуството на Французинките на листата на најдолговечни луѓе во светот не го избегна вниманието на Жан Мари Робин, демографот кој ја проучува односот помеѓу здравјето и долговечноста. Како што самиот признава, земајќи ги предвид различните однесувања на суперстогодишниците, тешко е, јасно да се одреди што им помага на луѓето да живеат подолго од 100 години. Сепак, експертот со француско потекло, признава дека постојат одредени фактори кои можат да им даваат предност на Французите кога станува збор за долговечноста.

Зошто Французите живеат подолго од другите народи?

Експертот прво го споменува бесплатното образование. Каква врска има ова со долговечноста?

„Најобразованите луѓе имаат подолг животен век. Тие го ценат своето здравје. Тие подобро знаат што да прават, а што да не прават доколку сакаат да останат здрави“, потенцира Робин.

Според демографот, луѓето кои ќе се стекнат со образование повеќе го ценат влијанието на правилната исхрана и вежбањето врз здравјето и подолгиот живот. Не се знае што би помислила Жан Калман за ова, за чиешто образование нема многу податоци. Сепак, знаеме дека таа останала физички активна многу долго време. На 85-годишна возраст се занимавала со мечување, а на 100-годишна возраст сè уште возела велосипед, а на пензионерскиот дом му се приклучила дури на 110 години.

Втората најстара Французинка, Лусил Рендон била калуѓерка, работела како учителка, а по Втората светска војна, 28 години се грижела за сираци и стари лица во болницата во Виши. Таа беше професионално активна практично целиот нејзин живот.

Друг фактор кој може да придонесе кон долговечноста е бесплатната здравствена заштита. Земјите со најголем животен век, вклучувајќи ја Франција, но и Јапонија и Данска, обезбедуваат бесплатна здравствена заштита и бесплатно образование. Според експертите, ова е многу важно. Во земјите каде што е распространета приватната здравствена нега, како што се Велика Британија, Холандија или САД, очекуваниот животен век е пократок.

Робин го спомнува подобриот избор на храна како трет фактор. Не е тајна дека францускиот стил на исхрана, особено оној што се практикува на југот од Франција, од каде што потекнуваат и двете жени, која е дадена како пример за другите региони на Франција но и земјите ширум светот. Медитеранската исхрана, популарна во оваа област, ги потенцира растителните производи, интегралните житарки, морската храна и здравите масти. Истовремено, таа ја ограничува или елиминира консумацијата на црвено месо и преработената храна со висока содржина на шеќер и масти.

Исто така и двете Французинки потенцираа дека виното било важно во нивниот живот. Калман признала и дека сака слатки и дека е голем љубител на чоколадото. Таа исто така го употребувала маслиновото масло за подготовка на јадења но како средство за нега на кожата.

Меѓутоа, иако овие три фактори: бесплатното образование, бесплатната здравствена заштита и разновидната исхрана богата со хранливи материи можат да придонесат за подолг животен век, постојат многу други фактори кои придонесуваат за долговечноста за кои не знаеме или врз кои немаме контрола.

- Реклама -