Балотели и официјално нов член на Џенова


Некогашното „лошо момче“ на италијанскиот фудбал, сега 34-годишниот Марио Балотели и официјално е нов член на Џенова, објави италијанскиот прволигаш на својата веб-страница.

Балотели доаѓа во Џенова како слободен играч откако во јуни му истече договорот со турскиот прволигаш Адана.

Неговата досегашна кариера ја одбележаа одлични голови, но и бројни скандали и инциденти, поради кои постојано варираше меѓу прекарите „Супер Марио“ и „Лошото момче на италијанскиот фудбал“.

Во Серија А веќе настапуваше за Интер, Милан, Бреша и Монца и постигна 52 гола на 141 настап во Серија А. Играше и за Манчестер Сити, Ливерпул, Ница, Марсеј и Сион.

Балотели во кариерата освои девет трофеи, а за италијанската репрезентација на 26 настапи постигна 14 гола. Тој беше дел од тимот што го загуби финалето на ЕУЕО во 2012 година од Шпанија, а учествуваше и на Светското првенство во 2014 година.

„По кариерата често нарушена со недисциплина и наслови во таблоидите, ова може да биде последна шанса за Балотели да покаже дека сè уште го има она што е потребно за да игра на врвно ниво“, пишуваат италијанските медиуми.

Џенова моментално е во зоната за испаѓање, на 18. место со шест бода, два помалку од безбедносната зона.

- Реклама -