Вилата во која почина актерот Метју Пери продадена за осум ипол милион долари


Поранешнаа вила на покојната ѕвезда на хит тв-серијата „Пријател“, ја откупила филмската продуцентка и инвеститорка од Аризона, Анита Верма-Лалиан, за околу осум ипил милиони долари, дознава весникот The Los Angeles Times.

Претставничката за медиумите на Верма-Лалиан изјавила дека таа ќе ја користи моернистичката недвижност со четири спални соби и вкупно 3.500 квадратни метри којашто Пери ја купил во 2020 година за шест милиони долари, како куќа за одмор додека престојува во Лос Анџелес.

Метју Пери почина на 54-годишна возраст од „екутни ефекти на кетамин“, по што се удавил во кадата во својата вила.

Пет лица, меѓу кои и двајца лекари и долгогодишниот асистент на Пери, се обвинети за смртта на актерот.

Властите велат дека еден од лекарите ја препишал дозата од аналгетикот кетамин која ја усмртила ѕвездата. Пери, инаку, јавно зборуваше за неговата долгогодишна борба со различните облици на зависност.

- Реклама -