Една жртва и 20 повредени во навивачки немири во Бразил


Едно лице загинаа а најмалку дваесет се повредени во тепачка меѓу навивачите на бразилските клубови Крузеиро и Палмеирас во раните утрински часови во неделата.

Бразилските медиуми јавуваат дека тепачката во која учествувале повеќе од 200 навивачи се случила на автопатот во близина на Сао Паоло.

Наводно, навивачите на Палмеираш ги нападнале навивачите на Крузеиро кои се враќале од Куритиба, каде нивниот тим загуби од Атлетико Паранаенсе (0:3) во националниот шампионат.

Еден автобус бил запален, а на другиот искршени се сите стакла. Во нередите, еден од навивачите на Крузеиро починал поради тешки изгореници кои зафатиле 70 отсто од неговото тело, пишува мрежата О Globo. Повредени се 20 навивачи, а неколку од нив се приведени во полициска станица.

Извесен период тој дел од автопатот бил затворен поради безбедноста на возачите. Министерот за спорт побара строга казна за навивачките групи кои учествуваа во тепачката.

Двата клуба објавија изјави во кои жалат за инцидентот.

„Крузеиро длабоко жали за уште една епизода на насилство меѓу навивачите, овојпат во раните утрински часови, на автопатот Фернао Диаш, што кулминираше со смрт на навивач на Крузеиро и неколку други повредени. Во фудбалот, спорт кој ги обединува страстите и публика, повеќе нема место за насилство.Мораме да ставиме крај на овие криминални дејствија“, соопштија од клубот од Бело Хоризонте.

„Сосиедад Еспортиво Палмеирас ги осудува сцените на насилство што се случија оваа недела наутро. Фудбалот не може да се користи како позадина за тепачки и смртни случаи. Фактите мора соодветно да се истражат од властите, а криминалците мора да бидат строго казнети“, се огласија од Палмеирас.

- Реклама -