„Децата“ на Барса го збришаа Реал среде Мадрид


Фудбалерите на Барселона славеа во „Ел Класико“ на мадридски „Сантијаго Бернабеу“ против Реал со дури 4:0 и го зголемија водството на табелата. Победата на Каталонците, кои настапија со тим кој според просекот на возраста е веројатно најмладиот кој истрчал на едно од најголемите дербија во светот на фудбалот, им ја донесоа Роберт Левандовски (54, 56), Ламине Јамал (77) и Рапиња (85).

Барса го демолираше Реал во вториот дел, откако „Кралскиот клуб“ доминираше во првото полувреме, но не успеа да ги искористи своите можности. Посебно во промашувањата се истакна Килијан Мбапе, кому ова му беше прво „Ел Класико“, а еден погодок му беше поништен поради недозволена позиција. Напаѓачите на Реак во недозволена позција целиот меч се најдоа над десетина пати во успешните офсајд-стапци поставени од одбраната на Каталонците, откако стратегот Ханси Флик се реши со високо поставен последен ред да игра на работ од острицата имајќи ја предвид брзината на реаловите напаѓачи, во прв ред Мбапе и Винисиус Жуниор.

Реал беше начнат од Роберт Левандовски со два гола во 54. и 56. минута по додавањата на Марко Касад и Алекс Балде. Потоа Мбапе имаше уште две шанси, но дватапати победник беше голманот на Барса, Инаки Пења. Французинот постигна уште еден гол во 66. минута, но повторно беше поништен поради офсајд позиција, а при крајот на дуелот уште еднаш беше запрен од Пења.

Левандовски можеше да постигне хет-трик, но во 66. минута од непосредна близина ја погоди стативата, а набрзо од изгледна позиција го префрли голот на Реал. Но младата ѕвезда Ламине Јамал потоа ја заврши работата за „Блауграна“ кога во 77. од странична позиција во шеснаесетникот ја испрати топката под пречката. Капитенот на гостите Рафиња своето одлично изаени во текот на целиот меч го круниса со погодок во 85. минута поставувајчи го конечниот резултат.

Берселона сега се одлепи на врвот на Ла Лига со 30 бодови, шест повеќе од второпласираниот Реал Мадрид. Трет моментално е Виљареал со 21 бод, но Атлетико Мадрид го следи со 20 бодови и меч помалку кој ќе го одигра в недела.

- Реклама -