ВИДЕО I Дејвис најзаслужен за победата на ЛА Лејкерс, Бостон го декласира Њујорк


Новата сезона во НБА лигата започна со два натпревари на програмата, оној на актуелниот шампион Бостон, но и оној во „Крипто арената“ кој предизвика многу внимание.

ЛА Лејкерс отвори на домашен терен против Минесота и влезе во мечот без преголеми амбиции поради лошите подготовки кои ги одработи, меѓутоа „езерџиите“ покажаа доволно мотив да се надигруваат и да извојуваат победа.

Ентони Дејвис го украде шоуто и се погрижи за победа од 110:103 со спектакуларно издание, бидејќи центарот на Лејкерси запиша 36 поени и неверојатни 16 скокови.

Ова доминантно издание беше доволно за да биде играч број еден на натпреварот, па дури и да го фрли во сенка историскиот момент кој се случи на паркетот.

Леброн Џејмс и Брони и официјално станаа првиот татко и син кои дебитираа и заиграа на еден официјален меч во НБА лигата, а сосема очекувано, ова беше една од топ вестите кои доаѓаат од првата ноќ во новата сезона во Америка.

Леброн го заврши мечот со 16 поени, додека Брони доби две ипол минути и запиша само еден скок во тој период.

Што се однесува до вториот меч на програмата, Бостон се прикажа во шампионско издание и го декласираше Њујорк со 132:109.

- Реклама -