Харви Вајнстин има рак на коскената срцевина


Поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин има хронична миелоидна леукемија (ХМЛ), т.е. рак на коскената срцевина. Веќе еднаш осудениот сексуален напасник се наоѓа на третман за рак на коскената срцевина, додека сѐ уште издржува казна затвор на островот Рикерс во Њујорк, САД, објави „Ен-би-и њуз“ (NBC News).

Крег Ротфелд, претставникот на Вајнстин, одби да ги коментира наводите за здравствена состојба на неговиот клиент, наведувајќи го почитувањето на приватноста како причина. Но, претходно и неговите адвокати потврдија оти 72-годишниот некогашен филмаџија има здравствени проблеми. Во септември, тој итно беше префрлен во болница заради операција на срцето.

Вајнстин, кој негираше дека имал неконсензуален секс со некого, беше прогласен за виновен за силување во февруари 2020 година во случај што го поттикна движењето „#MeToo“.

Апелацискиот суд во Њујорк ја отфрли пресудата во април, откривајќи дека Вајнстин не добил фер судење бидејќи судијата неправилно дозволил несоодветно сведочење. Тој е в затвор и чека повторено судење, како и судење за сексуален напад од друго обвинение. Тој се изјасни за невин во септември. Вајнстин боледува од дијабетес, висок крвен притисок, спинална стеноза и течност во срцето и белите дробови, изјавија претходно негови застапници.

- Реклама -