Форми на живот би можеле да постојат во мразот на Марс

Најновата студија покажа дека е можно постоење одредени микроорганизми како вонземски форми на живот во ледените наслаги на површината на Марс, се наведува во статијата со наслов „Потенцијал за фотосинтеза на Марс во снегот и мразот“, објавена во списанието Nature Communications Earth & Environment.

Ледените наслаги би можеле да ги заштитат таквите форми на живот од сончевото ултравиолетово зрачење, што го прави животот речиси невозможен на површината на таа планета, пишува британски Independent.

Но, новата студија покажува дека таквите форми на живот треба да бидат доволно длабоки, во доволно дебел слој мраз за да ги заштити од ултравиолетово зрачење, но во исто време тие ќе треба да бидат лоцирани доволно плитки за да добијат видлива светлина за фотосинтеза.

Како дел од студијата, научниците создале модел за да им покажат дали постои таква точка, со оглед на прашината и видот на мразот пронајден на Марс. Во зависност од процентот на прашина што ја содржи мразот, површината на која би можел да преживее би била длабока меѓу пет и 38 сантиметри, а доколку мразот е почист зоната погодна за живот би била уште поголема – на длабочина од 2,15 до 3,10 метри.

Прашината во мразот повремено ќе го стопи мразот, што значи дека ќе има доволно течна вода за да придонесе за фотосинтезата неопходна за опстанок на таквите форми на живот.

Истражувачите предупредуваат дека новата студија не значи дека тие навистина постојат во овие ледени области, но веруваат дека прво треба да се бараат таму. Ги повикуваат колегите тоа да стане клучна локација во иднина во потрагата по живот на Марс, бидејќи може да биде најдостапното место за негово пронаоѓање.

- Реклама -