Првпат во нивната 27-годишна историја, кошаркарскиот тим на Њујорк Либерти ја освои шампионската титула на ВНБА лигата со победата над Минесота Линкс со 67:62 по продолженија во решавачкиот петти натпревар на финалето на домашен терен.
Домашните кошаркарки се изборија за продолженија благодарение на реализирните две слободни фрлања на Брајана Стјуарт на 5,2 секунди пред крајот на четвртата четвртина, со што израмнија на 60:60, а потоа Кајла Мекбрајд промаши обид за „тројка“ за победа на Линкс и мечот отиде во продолжение.
Во првите три минути од продолжението, Либерти со серија 5?0 стигна до 65:60, а по нивниот единствен кош во продолжението за 65:62, гостинките имаа шанса да го израмнат натпреварот со „тројка“ на Бриџит Карлтон на 16 секунди пред истекот на времето, но таа не беше прецизна и домашната екипа дојде до победата со две погодени слободни фрлања на Стјуарт.
Џонкел Џонс го предводеше домашниот тим со 17 поени и беше избрана за најкорисна играчка (МВП) на финалето, Стјуарт, Леони Фиебич и Нјара Сабали додадоа по 13, додека Нафеза Колиер со 22 и Кајла Мекбрајд беа предводници на гостинките со 21 поен.
Ова беше шесто настап на Либерти во финалето на ВНБА и прва титула, по поразите во 1997, 1999, 2000, 2002 и 2023 година.
Со четири освоени титули во 2011, 2013, 2015 и 2017 година, Линкс се изедначени во рекордните шампионски наслови о Хјустон Кометс и Сиетл Сторм.