Diamond Mall прославува прв роденден со концерт на Саша Ковачевиќ


Со настап на големата балканска ѕвезда Саша Ковачевиќ, Diamond Mall ќе прослави една година од своето постоење. Централниот настан ќе се одржи на 19 октомври 2024 година, а покрај Саша Ковачевиќ, публиката ќе ја забавуваат и Поп арт бенд, додека своја точка ќе има и Маријана Станојковска, која воедно е и водителка на настанот. Настанот ќе се одржи во познатата Гурманска авенија (Gourmet Avenue) на Diamond Mall, каде што посетителите можат да уживаат во богатата гастрономска понуда.

На роденденската прослава ќе бидат извлечени и добитниците на две парични награди во вредност од 50.000 денари, четири парични награди од 25.000 денари и осум парични награди во вредност од 12.500 денари, кои се доделуваат во рамки на наградната игра организирана од Diamond Mall по повод првиот роденден. Извлекувањето на главната награда, автомобил на хибриден погон – PEUGEOT NLU 3008 Allure HIBRID, ќе биде исто така дел од програмата, а наградата ќе ја извлече ѕвездата на вечерта Саша Ковачевиќ.

Diamond Mall со своето отворање понуди нов уникатен концепт на „лајф-центар“, каде  покрај атрактивната шопинг понуда, има и можности за едукација и забава за деца и млади во Зоната на соништата (Dream Zone), како и специјален простор наречен Гурманската авенија (Gourmet Avenue), каде се сместени ресторани, барови и кафулиња од отворен и полуотворен тип. Трговскиот центар Diamond Mall располага со површина за закуп од 48.000 метри квадратни. Заедно со четирите станбени кули и луксузниот хотел со пет ѕвездички „Limak Skopje Luxury Hotel“, тој е дел од престижниот мултифункционален комплекс Diamond of Skopje во кој се инвестирани над 350 милиони евра.

- Реклама -