Ракометарите на Вардар претрпеа убедлив пораз на гостувањето во Германија од тимот на Мелсунген во Европската лига на ЕХФ со 34:18, а во овој натпревар со еден фер-плеј потег се истакна Милан Лазаревски.
Лазаревски покажа како треба да се почитува спортскиот дух и беше првиот кој на теренот му помогна на противникот.
Членот на Мелсуген Мохамед Дармул се здоби со тешка повреда на коленото и алармираше за силна болка, Лазаревски беше најблиску до него на теренот и веднаш му пружи помош изнесувајќи го на раце.