Фудбалерите на Португалија останаа со максимален учинок и по третото коло од групата 1 од елитната Лига на нации, во кое ја совладаа Полска во Варшава со 3:1.
Португалците направија голем исчекор кон нова победа уште во првите 45 минути, кога остварија предност од два гола. Португалија се закани во 11. минута, но Кристијано Роналдо од непосредна близина ја погоди гредата. Португалија одигра брзо и креативно, а по убав потег поведе во 26. минута. Бруно Фернандеш ја упати топката со глава за Бернардо Силва, кој од прва упати полуволеј и ја погоди домашната мрежа. На 2:0 Португалија зголеми во 37. минута. Полската одбрана беше изиграна од Рафаел Леао кој ја погоди стативата, топката се одби до Кристијано Роналдо, кој се најде на вистинското место и погоди за 2:0. Тоа беше негов 215-ти настап за Португалија и 133-ти гол.
Во продолжението на натпреварот се играше отворено. Двете репрезентации имаа серија шанси, а домашните намалија во 78. минута кога Зјелински прекрасно погоди под пречката гредата. Полјаците не успеаја да направат изненадувачки пресврт, а Беднарек ја погоди сопствената мрежа во 88. минута за конечна победа на Португалија од 3:1.
Во истаа група, во меч одигран претходно хрватската фудбалска репрезентација ја забележа втората победа во групата 1 од елитната Лига на нациите, победувајќи ја со пресврт Шкотска со 2:1 (1:1) на загрепскиот стадион „Максимир“.
Шкотска поведе во 32. минута со голот на Рајан Кристи, но само три минути подоцна израмни Игор Матановиќ, што беше негов прв гол во дресот на хрватската репрезентација. Целосниот пресврт се случи во 70. минута кога Андреј Крамариќ погоди за 2:1. Во судиското продолжение Шкотите дојдоа до израмнување, но ВАР-проверката покажа дека станувало збор за недозволена позиција на гостинскиот напаѓач.
Португалија по три кола има максимални девет бода. Втората Хрватска има шест, Полска има три, додека Шкотска нема бодови. Во четвртото коло, во вторник, на 15 октомври, Хрватска гостува кај Полска во Варшава, додека Шкотска е домаќин на Португалија во Глазгов.
Во групата 4 од елитната Лига на нациите, актуелниот европски првак Шпанија дури во финишот од средбата ја совлада Данска и победи со 1:0. Шпанците напаѓаа во текот на целиот натпревар, но и упорно пропуштаа прилики. Мората и Ламине Јамал најмногу се закануваат, но Данците успешно одолеваа до 79. минута. Тогаш натпреварот го реши Мартин Зубименди, стрелецот на единствениот гол.
Србија во Лесковац ја совлада Швајцарија со 2:0. Во судиското надополнување на првото полувреме, Елведи ја погоди сопствената мрежа за водство на Србија од 1:0, додека домашните по точно еден час игра ја зголемија предноста, а стрелец беше Митровиќ. Швајцарија можеше да се врати во 73. минута, но тогаш ударот од пенал на Емболо го одбрани домашниот голман Рајковиќ, со што заврши и последната надеж за Швајцарците дека можат да извлечат позитивен резултат на овој дуел.
Лидер на табелата во оваа група сега е Шпанија со седум бодови, односно има бод повеќе од второпласираната Данска. На третото место Србија собра четири бода, додека Швајцарците се на дното без бодови.
- Резултати од натпреварите од 3.коло во фудбалската Лига на нации одиграни во саботата:
А1:
Хрватска – Шкотска 2:1
Полска – Португалија 1:3
ТАБЕЛА:
Португалија 3 3 0 0 7:3 9
Хрватска 3 2 0 1 4:3 6
Полска 3 1 0 2 4:6 3
Шкотска 3 0 0 3 4:7 0
А4:
Шпанија – Данска 1:0
Србија – Швајцарија 2:0
ТАБЕЛА:
Шпанија 3 2 1 0 5:1 7
Данска 3 2 0 1 4:1 6
Србија 3 1 1 1 2:2 4
Швајцарија 3 0 0 3 1:8 0
C2:
Литванија – Косово 1:2
Кипар – Романија 0:3
ТАБЕЛА:
Романија 3 3 0 0 9:1 9
Косово 3 2 0 1 6:4 6
Кипар 3 1 0 2 1:7 3
Литванија 3 0 0 3 2:6 0
C3:
Бугарија – Луксембург 0?0
Белорусија – Северна Ирска 0:0
ТАБЕЛА:
Бугарија 3 1 2 0 1:0 5
Белорусија 3 1 2 0 1:0 5
Северна Ирска 3 1 1 1 2:1 4
Луксембург 3 0 1 2 0:3 1