Англија без Сака против Финска


Англискиот крилен играч Букајо Сака се врати во својот клуб Арсенал за дополнителна проценка поради повредата на ногата и ќе го пропушти натпреварот од Лигата на нациите во недела во Финска, соопшти FA во саботата.

Сака беше принуден да го напушти теренот во 51. минута во поразот на Англија со 2:1 од Грција на лондонски „Вембли“ во четвртокот. Привремениот селектор на Англија, Ли Карсли, изјави дека Сака ја повредил ногата.

Англија патува во Хелсинки во сабота пред неделниот натпревар од Лигата на нациите без играчот од средниот ред на Ливерпул, Кертис Џонс, кој се повлече од лични причини, се додава во соопштението на фудбалската асоцијација.

Англија по три кола е на второто место во рангирањето од групата Б2, со три бода помалку од Грција.

Повредата на Сака претставува удар и за Арсенал, бидејќи се повреди и нивниот капитен Мартин Одегард. Тимот на Микел Артета игра со Бурнмаут во Премиер лигата следната сабота.

- Реклама -