Фидан во Дубровник: Не може да се исклучи употреба на нуклеарно оружје во руско-украинската војна

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан предупреди дека ризикот од ширење на руско-украинската војна е поголем од кога и да е и дека не може да се исклучи употребата на нуклеарно оружје и оружје за масовно уништување во конфликтот, пренесува Анадолија.

Фидан ова го изјави на самитот Украина-Југоисточна Европа во Дубровник, Хрватска.

Фидан ја повтори поддршката на Анкара за територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина и посочи дека Турција од самиот почеток вложува дипломатски напори за завршување на војната, нагласувајќи ја улогата на Анкара во одржувањето на преговорите меѓу завојуваните страни, таа е посредник во размената на затворениците и во функционирањето на Црноморската иницијатива за жито.

Тој посочи дека конфликтот во Украина ја влошил глобалната поларизација.

Прочитајте и:  Германија прави попис на бункери и засолништа во случај на руски напад, ги охрабрува и граѓаните да си направат и свои

Во однос на учеството на Русија во преговорите, Фидан истакна дека одржливо решение може да се постигне само со вклучување на сите страни, вклучително и Русија во преговорите.

Шефот на турската дипломатија рече дека осигурувањето безбедност на храната, слободна пловидба, заштитата на нуклеарните капацитети и заштитата на критичната инфраструктура може да помогне во ублажувањето на уништувањето.

Самитот, кој првпат се одржа во грчката престолнина Атина во август 2023 година, а потоа во Тирана, Албанија, во февруари 2024 година, ги собра лидерите на Украина и земјите од Југоисточна Европа во Дубровник.

За време на посетата на Дубровник, Фидан се сретна и со својот хрватски колега Гордан Грлиќ-Радман.

- Реклама -