iPad футрола со целосна Bluetooth тастатура

Футроли за таблети со вградени тастатури не се ништо ново. Единствениот проблем е што повеќето вакви футроли имаат мали тастатури кои се мало подобрување во споредба со виртуелната тастатура.

Инспирирани од старите ThinkPad пеперутка тастатури на IBM, Elecom создале трансформирачка футрола за iPad 3 која содржи целосна QWERTY тастатура. Што се однесува до името, TK-FBP048ECBK не остава впечаток, но интересниот механизам кој ѝ овозможува на тастатурата да се подели на два дела и да се складира во простор кој не е многу поголем од iPad 3 е дефинитивно впечатлив.

Bluetooth врската значи дека док конекторот на iPad останува слободен за полнење, а батеријата на тастатурата, која се полни преку USB, може да трае со недели. Заедно со интегрираниот потпирач, оваа футрола е идеална за луѓето кои го користат iPad како замена за лаптоп. Сепак со цена од 210 долари ова е скапа алтернатива на носење посебна тастатура.

- Реклама -