Иран му порача на Израел: Не ја тестирајте нашата волја

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, го предупреди Израел да не ја „тестира“ волјата на Техеран за можни воени напади како форма на одмазда за ракетниот напад што Иран го изврши против Израел минатата недела.

-Нашите ракети можат да ги исполнат сите свои цели. Ќе одговориме на секој напад врз нашите институции или инфраструктура, рече Арагчи на конференцијата на која се разговараше за влијанието на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, пренесе Ал Џезира.

Тој посочи дека Иран ќе продолжи да го поддржува ставот дека Палестинците треба да имаат своја држава.

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег
- Реклама -