Мечка усмрти берач на печурки во Словачка


Кафена мечка нападнала и смртно повредила собирач на печурки во Словачка. Маж (55) берел печурки со друго лице во шумска област кај селото Хибе кога го нападнала мечка, изјавила портпаролката на полицијата за весникот „Сме“.

Спасувачката хеликоптерска екипа успеала да лоцира тешко повреден маж на нерамен терен и до него да спушти болничар.

„За време на нападот, мечката погодила една од главните артерии на долните екстремитети, што довело до тешко крварење и срцев застој“, се вели во извештајот на спасувачите. На местото на настанот, според извештајот, берачот на печурки им подлегнал на повредите.

Ова е вторпат во последните години кафена мечка фатално да повреди лице во Словачка. Последниот таков инцидент се случи во 2021 година, исто така во регионот Липтов на истокот на земјата.

Се проценува дека во Словачка има околу 1.300 кафени мечки. Најчесто живеат во планините или густите шуми. Издадени се дозволи за отстрел на неколку десетици мечки затоа што не се плашат од луѓе или затоа што станале закана по животот, здравјето и имотот на граѓаните.

- Реклама -