Белорусинката Арина Сабаленка, првата носителка на тенискиот турнир ВТА 1000 во Пекинг со награден фонд од 8 милиони евра, изненадувачки испадна во четвртфиналето, завршувајќи ја својата серија од 15 победи.
Каролина Мучова од Чешка, која е 49-та во светот, беше подобра од Белорусинката, втората тенисерка на светската ранг-листа. Дваесет иосумгоишнаа Мучова славеше по три сета со 7-6 (5), 2-6, 6-4, а во полуфиналето ќе ги однери силите со подобрата од дуелот меѓу домашната хероина, олимписката победничка Женг Чинвен и 17-годишната Русинка Мира Андреева.
Сабаленка играше во Кина со серија од 15 победи, освојувајќи го турнирот во Синсинати на крајот на август, а потоа и последниот грен- слем во сезоната, УС Опен минатиот месец.