ВТА Пекинг: Сабаленка со 15-та победа во низа се пласираше во четвртфиналето


Втората тенисерка во светот, Белорусинката Арина Сабаленка во средата ја продолжи победничката серија и ја совлада Американката Медисон Кис со 6:4, 6:3 и се пласираше во четвртфиналето на ВТА 1000 турнирот во Пекинг.

Ова е 15-та последователна победа за Сабаленка, а серијата започна уште во средината на август на турнирот во Синсинати. Со ова таа го израмни личниот рекорд по бројот последователни победи, а може да го подобри со пласман во полуфиналето. За тоа ќе ѝ биде потребна победа против подобрата од двомечот на Шпанката Кристина Буча и Чехинката Каролина Мучова

Со освојувањето на победничкиот трофеј во Пекинг, Белорусинката би дошла на помалку од 300 поени од лидерката на ВТА ранг-листата, Полјакката Ига Швјонтек, која се откажа од одбраната на титулата освоена минатата година на Отвореното првенство на Кина.

- Реклама -