Барселона потпиша договор со 34-годишниот Војчех Шчечни во средата, соопшти каталонскиот клуб, откако полскиот голман се врати од пензија за да му помогне на тимот кој на подолг период остана без првиот голман Марк-Андре тер Штеген поради сериозна повреда.
Германскиот голман Тер Штеген беше подолжен на операција на руптурата на пателарната тетива на десното колено и се очекува да го пропушти остатокот од сезоната. Дваесет ипетгодишниот Инаки Пења беше замената на Тер Штеген, но Барса сега го засили својот тим со искусниот Шчечни, кој минатиот месец објави дека се пензионира по раскинувањето на договорот со Јувентус.
Поранешниот полски репрезентативец имаше уште една година од договорот со Јуве, на чиј голот го замени италијанскиот великан Џанлуиџи Буфон.
Шчечни ги освои лигата и домашниот куп трипати во повеќе од 250 настапи за Јуве, но го загуби местото кон крајот на сезоната од Микеле Ди Грегори.
Барселона е на чело во Ла Лига со 21 бод од осум натпревари, а тимот на Ханси Флик во недела гостува кај Депортиво Алавес.