Ќерката на Брус Вилис објави фотографии со својот татко: „Многу го сакам овој човек“

Ќерката на Брус Вилис, Талула Вилис, на социјалните мрежи сподели неколку фотографии на кои позира со својот татко.„Многу го сакам овој човек и иако чувствата во ова време се тешки, благодарна сум што ги доживувам, наместо да ги потиснувам“, напиша таа во описот на објавата.Брус Вилис ретко се појавуваше во јавноста откако му беше дијагностицирана афазија, јазично нарушување, во 2022 година, а потоа болеста напредуваше во фронтотемпорална деменција.Текстот Ќерката на Брус Вилис објави фотографии со својот татко: „Многу го сакам овој човек“ е превземен од МАКФАКС.
Извор