Прва победа на Калјари сезонава во Серија А


Во последниот натпревар од шестото коло на италијанското фудбалско првенство, Калјари на гости ја победи Парма со 3:2, остварувајќи ја првата победа сезонава.

Гостите водеа со 1:0 и 2:1, Парма дватапати се враќаше во игра, но кога Роберто Пиколи во 88. минута го постигна третиот гол за гостите, немаше промена на резултатот.

Стрелци за Калјари претхоно беа и уште Надир Зортеа во 34. и Разван Марин во 75. минура, додека Денис Ман во 62. и Ернани во 87. минута од пенал погодија за Парма.

Со оваа победа Калјари го напушти дното на табелата и сега е на 17-то место со пет бода, исто толку колку и Парма на 15-та позиција.

Наполи е на врвот со 13 бода, пред Јувентус со 12, Милан, Интер и Торино со по 11 бодови.

- Реклама -