Блинкен: Светот е побезбеден без „бруталниот терорист“ Насрала

Светот е побезбеден по убиството на шефот на Хезболах Хасан Насрала од страна на Израел, изјави највисокиот американски дипломат Ентони Блинкен.

Тој го опиша лидерот на либанската терористичка група поддржана од Иран како „брутален терорист“.

– Регионот, светот се побезбедни без него, рече Блинкен но инсистира дека „дипломатијата останува најдобриот и единствениот пат за постигнување поголема стабилност на Блискиот Исток“. Тој вети дека САД ќе продолжат да работат „итно“ да се обезбеди прекин на огнот меѓу Израел и палестинската терористичка група Хамас во Газа.

Прочитајте и:  МКС издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас
- Реклама -