(ВИДЕО) Вечерва во 360° на МРТ 1: Трета делница од пругата кон Бугарија – ЕУ и Николоски на дијаметрално спротивни позиции

Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (26 септември 2024 г.) од 20:15 часот на МРТ 1

Ова издание на емисијата „360 степени“ е целосно посветено на третата делница (Крива Паланка – Деве Баир) од пругата кон Бугарија, чија изградба е доведена во прашање откако новата влада оцени дека проектот е лош, дека изведбата ќе чини многу, а згора на тоа, премиерот Христијан Мицкоски рече и дека имало обид да биде поткупен за да се согласи со завршување на тековниот тендер. „360 степени“ излезе на терен и заедно со директорот на „Македонски железници – инфраструктура“, Синиша Ивановски, ги поминавме трите делници од пругата Куманово – граница со Бугарија, од кои првата е речиси готова, втората се гради, а третата е под знак прашање. За критиките од македонската влада, став побаравме од главните финансиери на проектот – Европската Унија и Европската инвестициска банка (ЕИБ) и добивме прилично директни одговори. За тие одговори, пак, потоа го прашавме вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој е најгласен противник на изградба на третата делница според актуелниот дизајн на проектот. Сето ова ќе го видите преку посебни стории и интервју.

Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.

- Реклама -