Израел е подготвен за копнен напад во Либан и уништување на Хезболах, вели командантот на армијата

Израелската војска утринава повторно ги повика жителите на јужен Либан да се евакуираат од местата што се наоѓаат во близина на позициите на Хезболах најавувајќи дека ќе продолжат со воздушните напади

Целта на израелските напади врз Либан е да се подготви теренот за влез на копнените трупи и уништување на Хезболах, им рекол на војниците командантот на израелската армија, генерал Херзи Халеви, пренесува „Гардијан“.

Израелска армија / Фото: Принтскрин/Икс

„Целта е многу јасна, да се вратат жителите на северот. За да го постигнеме ова, подготвуваме маневарски процес, што вклучува навлегување на територија на непријателот, во селата што Хезболах ги подготви како големи воени пунктови, со подземна инфраструктура и платформи за лансирање и извршување напади врз израелски цивили. Ќе влезете внатре, ќе го уништите непријалот и неговата инфраструктура“,

рече тој.

Инаку, израелската војска утринава повторно ги повика жителите на јужен Либан да се евакуираат од местата што се наоѓаат во близина на позициите на Хезболах најавувајќи дека ќе продолжат со воздушните напади.

Оттаму посочија дека воени авиони нападнале околу 280 цели на Хезболах во Либан.

Потоа, израелската војска соопшти дека пресретнала ракета која била истрелана од Либан, а која била насочена кон цивилни области во главниот град на Израел, Тел Авив.

- Реклама -