Многу луѓе веруваат дека овошјето може да биде само здраво, па затоа се трудат да јадат што повеќе. Меѓутоа, ако претераат, може дури и да се здебелат, што според експертите не е цел на повеќето.– Овошјето , како и другите намирници, содржи калории за гоење. Имав пациенти кои не можеа да разберат зошто имаат прекумерна тежина. Тие се оправдале со јадење здрава храна и конзумирање на големи количини зеленчук. Излегува дека во текот на денот јадат овошје и пијат овошни пијалоци, заборавајќи дека и овошјето содржи калории – вели за Хафингтон пост д-р Карел ле Ру, американски нутриционист.4 g фруктоза е еднаква на една кафена лажичка шеќер свежа смоква – 2 g фруктоза осум цреши – 2,4 g фруктоза портокал – 3,6 g фруктоза пет јагоди – 4 g фруктоза чаша сок од портокал – 5 g фруктоза банана – 5,5 g фруктоза грст грозје – 8,7 g фруктоза јаболко златно, благо – 11 g фруктоза круша – 11 g фруктоза
Извор