Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел се соочува со „комплицирани денови“ додека го зголемува интензитетот на нападите врз Хезболах во јужен Либан и повика на единство меѓу Израелците додека трае кампањата.
– ИДФ превентивно реагира на заканите наместо да чека да одговори на нападите, рече Нетанјаху додека одржуваше безбедносни консултации по нападите на Израелските одбранбени сили (ИДФ) врз цели на Хезболах во Либан и повика на евакуација на цивилите во јужен Либан.
– За тие кои сè уште не разбираат, сакам да ја појаснам политиката на Израел – ние не чекаме на закана. Ние преземаме мерки однапред, насекаде, во секое време, рече тој на средба со министерот за одбрана Јоав Галант и началникот на Генералштабот на ИДФ, Херци Халеви.
– Ги елиминираме високите функционери, терористите, уништуваме проектили – и нашите раце се испружени, додаде тој. – Кој ќе се обиде да нè нападне, ние ќе му возвратиме уште посилно,“рече Нетанјаху.
– Ветив дека ќе го промениме безбедносниот баланс и балансот на моќ на север – и токму тоа го правиме. Ние уништуваме илјадници ракети и проектили насочени кон израелските градови и граѓани, продолжи Нетанјаху.
Тој имаше и порака до израелските граѓани: „Се соочуваме со комплицирани денови. Ве молам, граѓани на Израел, за две работи: прво, да ги следите директивите на командата на домашниот фронт, бидејќи тие спасуваат животи; и второ, да бидеме обединети со решителност, одговорност и, секако, трпение“.