Борел: Со новиот анти-ЛГБТ+ закон Грузија се оддалечува од патот кон ЕУ

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел ја повика Грузија да го укине новиот закон што ги ограничува правата на ЛГБТ+ заедницата, истакнувајќи дека тој „ја оддалечува земјата од ЕУ“.

„Овој закон ќе ги поткопа основните права и ќе ја зголеми дискриминацијата и стигматизацијата“, напиша Борел на социјалната мрежа „Икс“.

Законот вчера беше усвоен од Парламентот на Грузија, но наиде на осуда од страна на Европската Унија и организациите за човекови права. Противниците тврдат дека законот ги нарушува правата на ЛГБТ+ заедницата и ја отежнува евроинтеграцијата на Грузија.

Новиот закон, сличен на оној што е во сила во Русија, беше одобрен од пратениците од владејачката партија Грузиски сон на гласањето бојкотирано од опозицијата и во услови на конзервативна и антизападна влада.

Прочитајте и:  ФТ: Западот останува зависен од Кина поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци
- Реклама -