Изложбата на графики и слики од Петра Јовановска и Вит Павлик

Во Културно-информативниот центар – Скопје, во Салон Империјал 1, на 17 ти септември, во 20.00 часот ќе се отвори изложбата на графики и слики од Петра Јовановска и Вит Павлик ( Р. Чешка) насловена „Во разговор“.

Централниот елемент во делата на Петра Јовановска е круг кој не е случајно избран. Претставува синтеза на креативната и животната филозофија, како и сознанието дека совршената форма е без почеток и крај. Тоа е знак кој го симболизира животниот циклус.

Уметницата Петра Јовановска ги печати своите мисли, емоции и погледи на светот во кругови. На одредени уметнички композиции овој знак се множи. Тоа го постигнува со различни медиуми и графички техники.

Оформена рамнотежа на овие геометриски форми во контекст на композиција, тон, боја, структура. Круг симболизира еден вид емотивни размислувања кои се за Петра Јовановска несконечни.

Вит Павлик ги обработува темите чувства, емоции, мисли и ги пренесува на свој апстрактен начин. Го дололува одразот на интензитетот на искуствата, секоја боја има силно знашење и своја лична приказна.

Еден од најубавите аспекти на уметноста е нејзината отвореност и способност да предизвикува различни чувства, емоции и мисли кај секој што ќе се сретне со неа. Ги креира своите приказни, толкувања, се обидува да ја пренесе приказната во еден креативен и уметнички процес.

Прочитајте и:  „Никаде Некаде“ – самостојна изложба на Вања Димитрова

Овој пат заедно Петра Јовановска и Вит Павлик ќе се обидат на направат една заедничка приказна, еден ликовен разговор.

Петра Јовановска е родена во Р.Чешка, има завршено Ф.Л.У. во Скопје, смерграфика. Е ликовен уметник, организатор, куратор и координарор на многубројниликовни проекти, до сега има реализирано 70 самостојни изложби / Р.Чешка,Р.С.Македонија, Франција, Словенија, Германија, САД, Полска, Хрватска, БоснаХерцеговина…/голем број од нив во своја организација, има учествувано во над 300 групни изложби, добитник е на бројни награди, има учествувно на многубројни меѓународни ликовни симпозиуми и колонии.

Вит Павлик е роден во 1976 год. во Р.Чешка. Има завршено Јужночешки универзитет, педагошки смер за уметнички училишта. Член е и воедно и претседател на Асоцијација на јужночешките уметниици. Има реализарано голем број самостојни и групни изложби ( Р.Чешка, Германија, Австрија, Словачка, Италија, Франција, САД, Полска). Добитник е на неколку награди ( Германија, Словачка ).Освен со сликарство се занимава и со проектна фотографија.Живее во Р.Чешка и работи како педагог / директор во Уметничко училиште.

Изложбата ќе биде отворена до 30.09.2024 година.

- Реклама -