6
Стевијата стана многу популарен засладувач и многумина ја користат како замена за белиот и кафеавиот рафиниран шеќер. Но се поставува прашањето колку е таа поздрава како алтернатива на шеќерот?
Овој засладувач за прв пат се појави на американскиот пазар, а многумина беа воодушевени што имаат „природна“ замена за шеќерот којашто не содржи калории, а е многу блага.
Тоа што е интересно е дека стевијата често била опција за дијабетичарите, а со растот на бројот на заболени од дијабетес, стевијата ја задржа својата популарност. Според истражувањата на компанијата „Ниелсен“, продажбата на производите коишто содржат стевија пораснала за 16% во периодот од 2017 до 2018 година.
Овој засладувач потекнува од јужноамериканското растение „stevia rebaudiana“. Растението содржи стевиол гликозид којшто се употребува како засладувач. Стевијата може да се пронајде во пијалаци, десерти, печива, слатки, јогурти и други слични производи.
Американската агенција за храна и лекови („FDA“) ја смета стевијата како „генерално признаена како безбедна („GRAS“) состојка“. Ова не се однесува на листовите од стевија и сировите екстракти на стевијата коишто немаат одобрение за употреба во храната од страна на „FDA“.
На почетокот постоеше загриженост дека стевијата би можела да го зголеми ризикот од рак или репродуктивни проблеми врз основа на направените студии врз животните. Особено, надзорната група „Центарот за наука во јавен интерес („CSPI“) ја предводеше тужбата повикувајќи ја „FDA“ да го тргне „GRAS“ статусот. Меѓутоа сега, по 10 години присуство на пазарот, стевијата е безбедна дури и по „CSPI“ стандарди, иако оваа група и понатаму бара дополнително тестирање за понатамошно утврдување на нејзината безбедност.
„Стевијата не го зголемува шеќерот во крвта. Таа е добра и сигурна алтернатива за пациентите со дијабетес“, објасни Лиа Кауфман, регистриран диететичари и сертифициран едукатор за дијабетес.
Исто така постојат некои докази коишто сугерираат дека стевијата би можела да биде покорисна отколку што може да се очекува од намалениот внес на шеќер. Во студијата објавена во 2017 година, во списанието „Nature Communications“, истражувачите од универзитетот „Левен“ во Белгија покажаа дека стевијата го стимулира протеинот којшто е неопходен за перцепцијата на вкусот и којшто е вклучен во ослободувањето на инсулинот по оброкот.
Американското здружение за дијабетес и Американското здружение за срце, се согласуваат дека стевијата може да биде корисна за лицата со дијабетес, доколку ја консумираат умерено и не ја надоместуваат со други калории, а прифатливиот дневен внес не треба да преминува 12 мг дневно.
Стевијата е добра замена за обичната калорична сахароза бидејќи нема калории, а оние којшто ќе се одлучат шеќерот да го заменат со стевија можат да имаат корист од оваа алтернатива, меѓутоа слабеењето не е загарантирано.