Второ издание на Илинден куп од 13-15 септември


Второто издание на Илинден куп ќе се игра на терените во Општина Илинден, од 13-15 септември.
Организатор е Фудбалска школа Грозданоски. Пријавени се екипи од осум држави од Европа и Австралија (Македонија, Албанија, Србија, Бугарија, Белгија, Австралија, Англија и Романија). Ќе учествуваат 159 екипи во 6 возрасни генерации од 8 до 13 години (43 странски екипи и 116 македонски екипи).

Големи екипи кои учествуваат се Андерлехт, Црвена Звезда, Партизан, Вардар, ЦСКА Софија, Ботев Пловдив, Шкендија, Шкупи, Пелистер, Раднички Ниш, Скендербеу.
Генерален покровител е општината Илинден.

За детални информации следете ја Фејсбук страницата Илинден куп 2024

- Реклама -