Филмот „Конклава“, кандидат за Оскар, беше прикажан во Торонто


Како кардиналите го избираат новиот папа и што се случува на нивните состаноци зад затворени врати? Тоа е премисата на ватиканскиот трилер „Конклава“ со Ралф (Рејф) Фајнс и Стенли Тучи во главните улоги, кој беше прикажан на Филмскиот фестивал во Торонто.

Филмот базиран на бестселерот на Роберт Харис покажува како, по смртта на папата, различни црковни фракции се борат за нејзината иднина.

Фајнс, Тучи и Џон Литгоу ја предводат моќната актерска екипа за која сериозно се зборува како претенденти за најпрестижната филмска награда. Режисер е Едвард Бергер, чиј „На западнот ништо ново“ минатата година освои четири Оскари.

Фајнс го игра кардиналот Лоренс, кој има задача да ја организира таканаречената конклава, таинсвеното собрание на кардиналите што го избира папата. Тучи и Литгоу играат двајца кардинали кои се натпреваруваат за папскиот престол.
т
„Ниту еден човек со здрав разум не би го сакал папството“, вели кардиналот Белини (Тучи), либерал кој сепак ја сака таа позиција, надевајќи се дека ќе ги спречи конзервативците за кои верува дека ќе ја уназадат црквата.

Има многу пресврти додека најсветите луѓе ги откриваат своите гревови и злодела во филм кој светската премиера ја имаше пред само една седмица.

Пулсирачката партитура на оскаровецот Волкер Бертелман (за „На западот ништо ново“) го поттикнува напнатиот ритам на филмот и води до неочекуван крај.

Шеесет иедногодишниот Фајнс двапати беше номиниран за Оскар, за „Шиндлеровата листа“ и „Англискиот пациент“, но сѐ уште нема добиено златна статуетка. Филмските експерти веќе пишуваат дека ова е филмот кој конечно би можел да му донесе Оскар, а се наоѓа на секоја кратка листа на сајтовите кои ги предвидуваат кандидати.

- Реклама -