ВИДЕО I Магијата на Модриќ од уникатен агол: Никој нема да треба ништо да ми каже…..


Лука Модриќ режираше магија од слободен удар и донесе победа за Хрватска против Полска, но цела фудбалска јавност говори за техниката која ја изведе фудбалскиот маестро за време на ударот во 52-та минута.

Хрватскиот капитен со совршено движење на стопалото ја смести топката во горниот агол од голот на Полјаците, а во меѓувреме се појави и видео од трибините кое го презентира ремек-делото од уникатен агол.

Модриќ го постигна фантастичниот гол два часа пред да наполни 39 години, па дефинитивно не можеше да се избори за подобар подарок по повод специјалниот ден во неговиот живот.

– Среќен сум што конечно постигнав гол од слободен удар. Долго го немав направено тоа. Оној против Словачка го постигнав со доза на среќа, но ми се чини дека претходно, последен ми беше уште кога играв за Динамо. И тој гол го постигнав во овој град, изгледа ми лежат слободните удари во Осијек.

– Горд сум и среќен што стигнав до 180 настапи за селекцијата, никогаш не сонував дека ќе дојдам до оваа бројка, – изјавил Модриќ, од кого хрватските новинари побарале вечно да остане да игра за репрезентацијата.

– Стварно не знам уште колку ќе играм, во овие години не може да прогнозирате. Одиме меч по меч, без долгорочни најави. Се додека се чувствувам вака и уживам на теренот, јас ќе бидам тука. Кога ќе почувствувам дека веќе нема жар во мене, никој нема да треба ништо да ми каже. Сам ќе знам кога е мое време за заминување, – посочува Лука.

- Реклама -