Зидан објасни зошто не би го водел Манчестер Јунајтед


Еден од најдобрите француски фудбалери во историјата, Зинедин Зидан, како тренер го водеше само Реал Мадрид и тоа со многу успех.

По второто заминување од клупата на „кралевите“ во 2021 година Французинот се поврзуваше со многу клубови. Еден од најзагреаните за негов потпис беше Манчестер Јунајтед, а сега тој доби прашање дали би го водел клубот и даде интересен одговор.

„Дали би сакал да го водам Манчестер Јунајтед? Разбирам англиски, но не го говорам течно. Знам дека има тренери кои одат во клубови без да го зборуваат нивниот јазик перфектно, но јас работам на поинаков начин. Многу елементи треба да се поклопат за да победувате, тоа е глобален контекст“, изјави Зидан.

Како тренер со Реал Мадрид, Зинедин Зидан двапати беше шпански првак, трипати ја освои Лигата на шампионите, освои по два Суперкупа на Европа и Шпанија, а исто толку пати го крена и трофејот на Светското клупско првенство.

- Реклама -