Сè освен победа ќе биде катастрофа за Македонија против Гибралтар


Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 21 година ќе се судри со Гибралтар во рамките на квалификацитие за Европското првенство. Шансите на нашата млада селекција за добар пласман се загубени по серијата лоши резултати.

Сега пред избраниците на Драги Канатларовски е натпревар кој мора да го добијат. Гибралтар е во најнискиот ешалон на фудбалот во Европа, а иако има една изненадувачка победа во квалификациите, се работи за најлошата селекција во групата. Сè освен победа на Македонија би било целосна катастрофа на ова гостување на „Европа поинт“ во Гибралтар.

Првиот натпревар во Скопје беше доста тврд, гостинот грчевито се бранеше, а човек на одлука беше Луан Абази на стартот на вториот дел. На тој меч Македонија со сигурност виде дека нема да биде лесно вторпат да се добие Гибралтар, особено на гостински терен каде што играчите ќе знаат како да се одбранат.

И покрај сите резултати, дури и по тешкиот пораз од Холандија во Алмере без шут кон противничкиот гол, Македонија пак е фаворит за трите бода на Гибралтар. Натпреварот се игра во терминот од 13:00 часот.

- Реклама -