Паулињо ја заврши играчката кариера


Поранешниот фудбалер играч на Барселона и Тотенхем и на бразилски репрезентативец Паулињо на социјалните мрежи објави дека ја завршил кариерата.

Трисет ишестгодишниот Паулињо во текот на кариерата играше за десет клубови, меѓу кои Барселона, Тотенхем и Коринтијанс каде ја заврши кариерата.

„Оставив големо наследство. На последниот натпревар со Коринтијанс, со 45.000 навивачи, почувствував дека тоа ќе биде мојот последен натпревар и немаше подобар начин да се збогувам“, порала тој.

Претходните две сезони ги мина во Коринтијанс, клуб за кој одигра вкупно 210 натпревари и постигна 40 голови, а со кој го освои Копа Либертадорес во 2012 година, како и Светското клупско првенство во истата година. Во 2013 година, Паулињо го освои Купот на конфедерации со репрезентацијата на Бразил, за која одигра 58 натпревари и постигна 13 гола.

- Реклама -