НБА лига: Максимален договор на Мареј со Нагетс


Американскиот професионален НБА кошаркарски тим Денвер Нагетс го продолжи договорот со својот дефанзивец 27-годишниот Џамал ​​Мареј за уште четири години и за максимални 208 милиони долари.

Минатата сезона Мареј имаше просек од 21,2 поени по натпревар со 6,5 асистенции и 42,5 отсто шут за три поена, што се соодветно најдобрите просеци во неговата кариера досега.

Мареј ја помина целата своја досегашната професионална кариера во Нагетс, кои го избраа како седми пик на драфтот во 2016 година. Во 2023 година заедно со Никола Јокиќ, тој беше најзаслужниот за историската прва шампионска титула на овој клуб, во плејофот во просек постигнуваше 26,1 поен со 7,1 асистенции и 5,7 скока.

- Реклама -