Национален споменик на покојната кралица Елизабета во паркот Сент Џејмс


Национален споменик на покојната кралица Елизабета Втора ќе биде подигнат во парк во центарот на Лондон на локација од историско значење и со кое кралицата има лична врска, објави во саботата британската влада.

Елизабета II. почина во својот замок во Шкотска на 8-ми септември 2022 година, по повеќе од седум децении на тронот. Таа беше најстариот и најдолговечниот монарх во историјата на Обединетото Крластво. По повод нејзината смрт беа прогласени денови на жалост, а цела земја и светот ѝ оддадоа почит.

Владата објави дека Споменикот на кралицата Елизабета Втора ќе биде изградена во паркот Сент Џејмс, покрај познатиот пат The Mall, на земјиште кое се спушта кон езерото во паркот.

Меморијалната комисија ја избрала таа локација бидејќи е блиску до Бакингемскиот дворец, седиштето на Комонвелтот, меѓународното тело во кое таа одигра важна улога во основањето, како и статуите на нејзините родители, кралот Џорџ Шести и Елизабета кралицата мајка.

„Трајното наследство и верноста на кралицата Елизабета Втора на нашата земја никогаш нема да бидат заборавени“, изјави премиерот Кир Стармер.

Владата објави дека тоа не е само соодветен спомен на придонесот на кралицата во земјата, туку и „простор за контемплација и заедништво“.

„Мол и паркот Сент Џејмс се церемонијален центар на нашиот главен град и се синоним за многу настани од животот на покојната кралица“, рече поранешниот приватен секретар на Елизабета Втора и претседателот на Меморијалната комисија, Робин Јанврин.

„Тоа е соодветно место за национален споменик во нејзина чест да се потсетиме и да го прославиме нејзиниот извонреден придонес во нашите животи за време на нејзиното долго владеење“, додаде.

Владата најави дека архитекти, уметници и дизајнери ќе бидат поканети да поднесат предлози за дизајн на крајот на оваа година.

- Реклама -