Селена Гомез на листата на славните милијардери


Селена Гомез како дете стана ѕвезда на телевизиски канали Barney и Disney, а нејзината последна улога е – улогата на милијардерка.

Сега 32-годишната актерката и пејачка има богатство проценето на 1,3 милијарди долари, објави Bloomberg, деловната новинска агенција во петокот ја вклучи во својот индекс на милијардери.

Своето богатство во голема мера го заработила преку нејзината козметичка компанија „Rare Beauty“, која ја основаше пред пет години и има удел вреден повеќе од милијарда долари, проценува Bloomberg News. Поради успехот на брендот, таа стана една од „најмладите независни“ богаташи на листата, заедно со Тејлор Свифт и Ријана.

Според проценките, „Rare Beauty“ наводно генерирала 400 милиони долари нето продажба во 12-те месеци до февруари. Според Bloomberg, Селена Гомез заработила и десетици милиони долари од договори со компании како „Louis Vuitton“, „Coach“ и “Puma“. Таа заработува најмалку 6 милиони долари по сезона за нејзината улога во серијата „Only Murders in the building“ која се емитува на Hulu, a којашто ќе добие петта сезона.

И покрај нејзиниот успех на екраните и во музиката, вклучително и повеќекратни номинации за престижните награди Еми и Греми, тие достигнувања сочинуваат релативно мал дел од нејзиното богатство, според Bloomberg.

Селена Гомез, родена во Тексас, е на сцената речиси три децении, а нејзиниот успех доведе до преиспитување за нејзиниот стил, партнерите и здравственире проблеми, вклучително и дијагнози на биполарно растројство и автоимуната болест лупус.

Таа напиша за патувањето на нејзиното семејство во САД од Мексико, кое започнало со нејзината тетка „скриена во задниот дел на камион“ и снимање песни на шпански.

Пејачката минатата година беше жената со најмногу следбеници на Instagram. Таа има повеќе од 424 милиони фанови на социјалната мрежа, надминувајќи ги Тејлор Свифт и Кајли Џенер, што е збунувачка одлика за ѕвезда која зборуваше за негативното влијание на платформата врз нејзиното ментално здравје и понекогаш ја бришеше.

- Реклама -