Под истрага за лажирање 17 натпревари од Бундеслигата

Moenchengladbach’s goalkeeper Yann Sommer (R) in action against Bayern’s Robert Lewandowski (L) during the German Bundesliga soccer match between FC Bayern Muenchen and Borussia Moenchengladbach in Munich, Germany, 07 January 2022. EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND


Голем скандал го тресе германскиот фудбал, а според тамошните медиуми, дури 17 натпревари во Германија се под истрага за местење.

Како што се наведува, Германскиот фудбалски сојуз покренал истрага, а во склоп на неа има дури 17 натпревари кои се одиграле во германските лиги.

Главно се работи за дуели во третото натпреварување, како и во пониските лиги, но некои натпревари одиграни во Бундеслигата и Цвајт би можеле да бидат под лупа на истражителите.

Се наведува и дека одредени дефанзивци намерно грешеле и пропуштале играчи, а во целата шема биле вклучени и голманите кои им дозволувале на ривалите да постигнуваат голови.

Ова не би било првпат Германија да се најде во центарот на фудбалски скандал поврзан со местење, а претходно тоа беше во случајот „Хојцер“ кога судијата Роберт Хојцер призна дека учествувал во местењето на дури девет натпревари во оваа земја.

- Реклама -