Британските обвинители се откажаа од обвиненијата против Харви Вајнштајн


Британските обвинители во четвртокот соопштија дека се повлекле од обвиненијата против поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнштајн за непристојно допирање на жена.

„По прегледот на доказите во овој случај, CPS одлучи да го запре гонењето на Харви Вајнштајн. CPS има должност да ги разгледува сите случаи на тековна основа и решивме дека повеќе нема реални изгледи за осуд“, рече Френк Фергусон, шеф на Специјалната единица за криминал и борба против тероризмот на Кралската обвинителска служба (CPS).

Кога ги одобри обвиненијата пред две години, CPS рече дека наводниот инцидент се случил во август 1996 година во Лондон а полицијата рече дека станува збор за жена која сега е во 50-тите години.

Седумдесет идвегодишниот Вајнштајн негираше дека некогаш имал секс без согласност со никого.

Поротата на Менхетен го прогласи за виновен за силување во февруари 2020 година, но Апелациониот суд во Њујорк ја поништи таа пресуда во април, пресудувајќи дека судењето е неправедно бидејќи судијата погрешно дозволил сведочење од луѓе кои Вајнштајн не бил формално обвинет за напад.

Судот во Лос Анџелес го осуди во 2022 година за силување на актерка во тој град.

- Реклама -